
ВИДЕО | Ременски: Сребрено, а не жолто комбе полно со шпионска опрема и софтвери оперирало во државата и странство
Професор Фросина Ременски објавува дека лица од поранешната Петта управа на УБК создале оперативни тимови за извршување на задачи и активности кои излегуваат од рамките на нивното законито оперативно-техничко и тактичко работење на УБК и набавиле комбе – кампер заради инсталација на софистицирана хардверско- софтверска опрема од шпионска природа и материјално-технички средства за следење и снимање во и надвор од државата.
Препорачано
-За целите на продолженото незаконито оперативно-техничкото постапување и извршување на оперативно-технички операции за следење на комуникации, тајно следење и визуелно тонско-снимање на лица и предмети со технички средства, надвор од законски регулираните постапки, еден од пријавените во периодот кога Горан Грујевски и Никола Бошковски се подготвуваат и се даваат во бегство и започнуваат судските постапки за случаите Таргет-Тврдина и Трезор, реализирал набавка на техничко средство – возило во кое подоцна била инсталирана и користена софистицирана хардверско-софтверска опрема и материјално-технички средства од неколку производители кои не биле дел од истрагата Трезор, односно воопшто и не биле предадени како такви на надлежниот истражен орган, вели проф. Ременски.
Според пријавата, еден од пријавените на 30.06.2017 година од странска држава со лажен идентитет кој го имал од 2007 година, во готово за 87.500 евра купил возило – комбе кампер од марката МАН и истото го регистрирал во август 2017 година на име на неговиот двоен идентитет.
-Кампер комбето со сребрена боја „Кралска Класа” било доопремено со техничка опрема од израелско и друго потекло. Познато е дека постои и друго патничко возило купено и регистрирано на сличен начин за непознати цели и задачи. Пријавените свесно и намерно незаконски воспоставиле паралелна кадровска, техничко-материјална и оперативна структура со цел вршење на нелегални активности со употреба на софистицирана техничка опрема инсталирана во патничкото моторно возило МАН комби со скопски регистерски таблички кое бележи движење во и надвор од границите на државата, тврди проф. Ременски.
Целото интервју со проф. Фросина Ременски погледнете го во видеото: