ВИДЕО: Ременски бара Обвинителството за организиран криминал на чело со Абази да и даде заштита и да го преземе предметот „Сребрено комбе“

При денешното заштитено јавно пријавување професорката Фросина Ременски зборуваше и за суптилните но и за отворените притисоци и штети кои и таа и блиско лице на нејзиното семејство ги трпат, само затоа што пријавила и во обвинителството и во Агенцијата за национална безбедност, постоење на сребрено комбе полно со тактичка опрема за следење на комуникациите, управувано од луѓе со двојни идентитети кое се движело и надвор и внатре во државата.

Запрашана дали стравува за својот живот, таа одговори потврдно и побара Обвинителството за организиран криминал на чело со обвинителот Ислам Абази да и даде заштита според Законот за укажувачите и да го преземе предметот „Сребрено комбе“ од државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Ременски истакна дека е неприфатливо и неосновано, да се злоупотребува името на американската амбасада при вршењето на суптилни притисоци врз неа и член на нејзино семејство, вработен во АНБ зашто таа верува дека нивното име се злоупотребува. Ременски и нив ги информирала и за случајот и за притисоците во кој се злоупотребува нивното име и бара амбасадата да се заинтресира за случајот во пријавата и да ги преиспитаат причините зошто, за кои цели и во чија функција се злоупотребува името на амбасадата. Притисоците почнале најнапред како понуда таа и нејзиниот сопруг да заминат во дипломатија во странска држава без да го бараат, нешто што им било понудено, според нејзините зборови од самиот екс директор на АНБ Виктор Димовски.

Тие кажале дека таа позиција нема оправдани услови за реализација. Потоа Ременски и до новиот директор на АНБ Зарко Милошевски, на 19 декември годинава доставила ургенција за сребреното комбе да стане дел од постапувањето внатре во АНБ, по што, истиот ден Милошовски со наредба го упатил сопругот на Ременски, да извршува специфични активности и работни задачи во Куманово до крајот на годината, од позиција на директор за операции.

Целото интервју со проф. д-р Фросина Ременски погледнете го тука:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот