ВИДЕО: Расте бројот на загинати израелски војници, последниот е разнесен додека патролирал со тенк низ камбот Џабалија

На социјалните мрежи се објави снимка на која пишува дека Хезболах ја нападнал разузнавачката единица 8200 на Израелските одбранбени сили во базата Глило во Тел Авив.

Ова е само еден од нападите на Хезболах врз ИДФ, војска на Израел која денеска ги објави последните официјални бројки за загинати војници

Податоците кои ги објави војската покажуваат дека околу 750 војници се убиени и 5.019 ранети од избивањето на конфликтот во Газа на 7 октомври 2023 година.

Израел почна брутална офанзива на Појасот Газа по минатогодишниот напад на Хамас, при што загинаа повеќе од 42.700 луѓе, главно жени и деца, а беа ранети повеќе од 100.300.

Конфликтот се прошири во Либан, а Израел почна смртоносни напади низ целата земја во кои од октомври минатата година загинаа 2.483 луѓе, а беа повредени повеќе од 11.600.

Израел го прошири конфликтот со копнениот напад врз јужен Либан на 1 октомври.

На социјалните мрежи се појави и уште едно вознемирувачко видео како висок офицер на Израелските одбранбени сили бил елиминиран во Џабалија од страна на Хамас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот