
ВИДЕО: Вонредна состојба во Алабама и Џорџија – торнадата направија пустош, загинаа седум луѓе
Најмалку седум лица загинаа во торнада во југоисточните американски држави Алабама и Џорџија, соопштија локалните власти.
Препорачано
Во државата Џорџија и во некои окрузи во Алабама е прогласена вонредна состојба.
At least 7 people have been killed in #Alabama and #Georgia after severe winds and spawning tornadoes hit some southern states in the US.#tornado #Storm #Weather pic.twitter.com/Ym0NJsDNgU
— Chaudhary Parvez (@ChaudharyParvez) January 13, 2023
Вкупно 45 торнада беа регистрирани вчера, се вели во прелиминарниот извештај на американскиот Центар за предвидување бури (SPC).
Градот Селма во округот Далас претрпе значителна штета и градоначалникот ги повика жителите да останат во затворени простории и да се држат подалеку од паднатите далноводи.
Властите соопштија дека појасна слика за обемот на штетите и потрага по дополнителни жртви ќе има во текот на денешниот ден, кога се очекува да се расчистат условите, објави abc7news
Десетици илјади корисници останаа без струја во државите кои ги погодија торнадата.
Во градот Селма градскиот совет користеше светла од мобилните телефони додека одржуваа состанок на тротоарот за да прогласат вонредна состојба.
Шест од смртните случаи се регистрирани во, Алабама, 41 милји североисточно од Селма, каде што се проценува дека 40 домови биле оштетени или уништени од торнадо
Најмалку 12 лица се тешко поврдени и однесени во болница.
Југот на САД беше погоден од 36 торнада на крајот на ноември кога две лица загинаа во Алабама, а една година претходно, на крајот на 2021 година, само во државата Кентаки од торнада загинаа 80 луѓе.
ВИДЕО: Застрашувачко торнадо корнеше дрвја, оштети куќи и урна далноводи во САД