ВИДЕО | Проф. Узунов: Целта не е на крајот да станеме членка на ЕУ, туку да живееме подобро

Имам чувство дека патот на Македонија не може да оди нормално, туку мора да оди „тешкото“. Но ние сме навикнати на тоа и човек да се зачуди ако поминевме лесно. Нас патот и иднината ни се многу јасни. Добро е што немаме маневарски простор. Ние сега не треба да прифатиме преговорите со ЕУ да станат долгорочни преговори со Бугарија. Треба да продолжиме по патот – ЕУ. И така приклучувањето кон Унијата е инструмент на политиката, а не цел на политиката. Целта не е на крајот да станеме членка, туку да живееме подобро. Нас никој не не кочи реформите да продолжиме да ги правиме, изјави во Утрински брифинг универзитетскиот професор Ванчо Узунов. -Не е идејата дали нас ни треба ЕУ или ние на неа. Нас ни се потребни реформите за пристапување во ЕУ. Дури и да одржевме референдум и граѓаните да речеа не сакаме ЕУ, ноќта ќе поминеше, другиот ден животот продолжува. Ние не сакаме да живееме подобро? Сакаме. Ако сакаме мора да менуваме, да реформираме. А што се реформите, пак на крајот е истото – со преговори полесно ќе ги пројдовме, бидејќи ќе имаше повеќе помош, но ако тоа не ни била судбината не може друг правец да фаќаме, туку истите реформи да ги правиме. А кога еден ден ЕУ ќе реши дека треба да не прими, ќе не прими, вели проф. Узунов. Говорејќи за задолженоста и дали воопшто може да се планира раст со ваков буџетски дефицит, проф Узунов вели дека не е прашање дали можеме, туку дека мораме. -Вирусот го сврте целото човештвото наопаку. И сите оние теории кои ги знаевме овој вирус дојде и ги помножи со нула. И оние што беа најголеми поборници да се држиме до некои докажани економски параметри дека горна граница на задолжување е 60% од БДП итн…сега тие први викаат батали. И се уште не се знае што ќе се случува. Промени ќе мора да се претрпат и целата грижа е колку ќе трае епидемијава и оттука последиците во економијата, изјави Узунов. Целиот разговор со универзитетскиот професор Ванчо Узуноив погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот