проф. д-р Бранимир Јовановиќ
проф. д-р Бранимир Јовановиќ / Утрински брифинг

ВИДЕО | Проф. д-р Јовановиќ: Можна е стагфлација! Потребен е стимул од страна на монетарната политика

Најверојтно ќе дојде до рецесија, инвазијата врз Украина ќе доведе до економска криза. Има неколку канали преку кои војната ќе вријае врз Европа пред се преку повисоките цени на производите поради поскапувањето на нафтата, вели за Утрински брифинг проф. д-р Бранимир Јовановиќ.

-Преку намалената економска активност, Русија е значајна економија и дава 3 проценти од светскиот БДП. Со забавувањето на БДП во Русија ќе забави и БДП во ЕУ а тоа секако ќе се одрази и во Македонија. Третиот канал е преку финансиските пазари, а четвртиот преку покачувањето на каматните стапки, вели тој.

Според Јовановиќ, оваа криза може да предизвика не само краткорочни туку и долгорочни последици и да доведе до стагфлација.

-Тоа ќе значи дека 5 до 10 години да имаме забавен економски раст, што доколку се случи тоа ќе биде посериозно, вели за Утрински брифинг, финансискиот експерт од Виенскиот институт проф. д-р Бранимир Јовановиќ.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот