Дејан Ивковски - Зико - Спасувач - Фото: Слободен печат/Елеонора Антиќ/Ана Јанева

ВИДЕО | Позитива на денот: Хероите од ЈП „Улици и патишта“ спасија маче кое три дена во сурови услови било заглавено на покрив

Во срцето на градот денеска се одигра сцена која потврдува дека хуманоста и солидарноста сѐ уште постојат. Како што велат локалните граѓани, едно мало маче, старо едвај еден месец, со денови било заробено во олук на куќа – заборавено од мајката, препуштено на дождот, ветерот, без храна и постојано напаѓано од гаврани.

И кога изгледаше дека надежта е изгубена, група храбри луѓе од ЈП „Улици и патишта“ по молба на вработени од нашата редакција „Слободен печат“ одлучија да спасат еден невин живот.

Со огромна желба за хумано дело, Дејан Ивковски – Зико се качи и го извлече заглавеното маче, додека Боби Мицевски до него обезбедуваше пристап до местото. На земјата, подготвени за секој случај, стоеја Зоран Поповиќ и Дејан Димчески, кои асистираа во акцијата. Сето тоа немаше да биде возможно без сигурната рака на Градимир Илиевски, кој со мајсторско управување на багерот овозможи спасувањето да се изведе безбедно.

Овие луѓе денес не само што спасија едно мало животинче, туку и покажаа како изгледа вистинска човечка големина. Нивната храброст и сплотеност го претворија малиот чин во големо херојство,  потсетувајќи нè сите дека животот, колку и да е мал и кревок, вреди да се брани.

Дејан Ивковски – Зико – Спасувач – Фото: Слободен печат/Ана Јанева

Оваа приказна нема да биде комплетна доколку нема совршен крај. Имено Александра Вуксановиќ – Бела, новинарка и водителка во „Слободен печат“ одлучи да го вдоми и да му даде уште една шанса за долг и среќен живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот