
ВИДЕО: По пејџерите, експлодираат и други уреди на членови на Хезболах
Уреди за интерна комуникација, т.н. воки-токи, кои ги користела либанската проиранска група Хезболах експлодирале во средата доцна попладне во јужниот дел на земјата и во јужните предградија на главниот град Бејрут, потврдија безбедносни извори и сведок, по експлозиите на илјадници пејџери во вторникот, во кои загинаа дванаесет луѓе, меѓу кои и две деца, а речиси 3.000 беа ранети, пренесуваат светските медиуми.
Препорачано
Три лица загинале денеска од експлозивни „направи“ во градот Сохмар, во јужната долина Бека, објави либанската државна новинска агенција (ННА). Либанската државна Национална новинска агенција објави дека комуникациските уреди експлодирале во куќи во јужните предградија на Бејрут и во јужен Либан.
Live Footage of radio device explosion today in Lebanon. #lebanan pic.twitter.com/Ogx7hSUdGi
— Afshin Ismaeli (@Afshin_Ismaeli) September 18, 2024
Голем број ранети се префрлени во болниците во главниот град и во Баалбек, лоциран во долината Бека, се додава во написите.
Израелската разузнавачка агенција Мосад, која има долга историја на софистицирани операции на странска територија, поставила експлозиви во направите увезени од Хезболах месеци пред детонациите во вторникот, изјави за Ројтерс висок либански безбедносен извор.
Тајвански производител на пејџери негираше дека ги направил пејџерите кои експлодираа во нападот што ги зголеми шансите за војна од целосен обем меѓу Хезболах, поддржан од Иран, и Израел, според светските агенции.
Според изјавата на Голд Аполо пренесена од странските медиуми, уредите се произведени под лиценца на компанија со седиште во унгарскиот главен град Будимпешта.