Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

ВИДЕО: Пендаровски ги одликува Милица Стојанова, Милка Ефтимова и Стојна Вангеловска
Претседателот Стево Пендаровски денеска им додели Орден за заслуги на Република Македонија на актерката Милица Стојанова, оперската певица Милка Ефтимова и кошаркарката Стојна Вангеловска.
Препорачано
Легендарната актерка Милица Стојанова е одликувана за нејзиниот фундаментален придонес во основањето на македонскиот театар, како и за развојот и афирмацијата на македонските театар и филм. Таа е втемелувач на современиот македонски театар со одиграни 139 улоги на театарските сцени, околу 200 улоги во радио-драмското студио, дваесетина ТВ драми, 15 ТВ серии, 17 филмски остварувања.
Една од нашите најистакнати оперски уметници, Милка Ефтимова, е наградена за исклучителниот и траен придонес во развојот на оперското пеење и за својата педагошка активност, а олимписката вицешампионка од 1988, Стојна Вангеловска, за нејзините врвни резултати во кошарката како играч и тренер.
„За нивната апсолутна посветеност и љубов кон професијата и постојан стремеж кон поубаво и подобро. Нивните постигнувања во актерството, оперското пеење и кошарката се парадигма за сегашноста и репер за иднината“, рече Пендаровски.
Факултетот за драмски уметности, Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ и Турскиот театарот го примија признанието Повелба на Република Македонија.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
7мин
-
13мин
-
27мин
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5