Аеродромот во Вилнус, Литванија/Фото: Adomas Daunoravicius / imago stock&people / Profimedia

ВИДЕО | Откриено: Белоруски балони за шверц на цигари го блокираа аеродромот во Вилнус

Повеќе од дваесетина балони, што ги користат шверцерите за транспорт на цигари од Белорусија до Литванија, предизвикаа проблеми на аеродромот во Вилнус синоќа, соопштија локалните власти.

„Летовите беа суспендирани на аеродромот во Вилнус од 22:15 часот во сабота (локално време) до 4:40 часот наутро во недела“, изјави за АФП Дариус Бута, портпарол на Националниот центар за управување со кризи, додавајќи дека околу 30 летови биле одложени, откажани или морале да слетаат на друго место.

Околу 25 балони го нарушиле литванскиот воздушен простор, од кои два во близина на аеродромот во Вилнус, изјави портпаролот. Според Бута, утрово биле пронајдени единаесет балони натоварени со пакети шверцувани цигари.

Вакви балони веќе слетаа претходно оваа година во Литванија, дури и на аеродромот, а од 2024 година граничарите имаат право да ги соборат. Шверцерите користат метеоролошки балони за транспорт на белоруски цигари и нивна продажба во Европската Унија, каде што тутунот е поскап.

Според Бута, Литванија регистрирала 966 вакви балони кои влегле во земјата минатата година, а 544 оваа година.

„Употребата на дронови и метеоролошки балони од страна на шверцерите се смета за криминална активност, но не и за чин на саботажа или провокација“, рече функционерот.

ВИДЕО | Аеродромот во Вилнус го прекина воздушниот сообраќај поради присуство на балони

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот