
ВИДЕО: Одличниот Јокиќ не беше доволен, Оклахома израмни против Денвер
Кошаркарите на Оклахома славеа важна победа во полуфиналната серија на плејофот од Западната конференција, совладувајќи го Денвер на гостински терен со резултат 92-87. Со оваа победа, Оклахома ја врати предноста на домашен терен и ја израмни серијата на 2-2.
Препорачано
Најефикасен во победничкиот тим беше Шеј Гилџус-Александер со 25 поени, на кои додаде шест асистенции и шест скока. На другата страна, актуелниот МВП, српскиот центар Никола Јокиќ, одигра уште еден одличен натпревар со 27 поени и 13 скока, но тоа не беше доволно за победа на Денвер.
Првото полувреме мина во знакот на цврстата одбрана и слабата реализација, особено во првата четвртина кога Денвер постигна само осум поени, што е нивни најслаб учинок во една четвртина во плејоф натпревар. Тандер исто така не блескаа, но сепак ја завршија првата делница со водство од 17-8. Инаку, комбинацијата од само 25 поени на двете екипи е најмалку постигнати поени во една стартна четвртина од плејоф натпревар.
На полувреме, Оклахома водеше со 42-36, но Денвер се врати во третата четвртина со серија од 22-10 и поведе со 58-52. Сепак, Тандер не се предаде, на четири минути пред крајот, по четири врзани поени на Гилџус-Александер, гостите поведоа со 84-78 и не дозволија пресврт до крајот на мечот.
Петтиот натпревар се игра во Оклахома Сити во ноќта меѓу вторник и среда по средноевропско време.