
ВИДЕО | Одличен меч на Олд Трафорд – глупоста на Санчез, два црвени картони и на крајот славје на „Црвените ѓаволи“
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед денеска го совладаа Челси на Олд Трафорд со 2:1 во дербито од петтото коло во Премиер лигата.
Препорачано
Јунајтед на тој начин се консолидираше по дебаклот против Сити во градското дерби, тие се деветти на табелата со седум бода, а менаџерот Рубен Аморим ќе го врати многу потребниот мир.
Светскиот клупски шампион остана на осум бода, на шестата позиција и веќе заостанува „минус седум“ зад лидерот Ливерпул.
Бруно Фернандеш во 14 и Касемиро во 37 минута беа стрелци за домашниот тим, додека Чалоба погоди за гостинскиот тим во 80 минута.
Јунајтед имаше играч повеќе од петтата до 50 минута и се покажа дека во тој временски интервал го реши овој дуел во своја корист.
Роберто Санчез излезе од шеснаесетникот, грубо го фаулираше противничкиот играч и доби директен црвен картон, што е трет најбрз за голман во историјата на Премиер лигата и најбрз во историјата на неговиот клуб.
Пред крајот на првиот дел кај домаќините Касемиро поради втор жолт картон мораше предвреме да го напушти теренот.
⚽️ Robert Sánchez’s red card challenge on Bryan Mbeumo. pic.twitter.com/G1iW3hY0dH
— iKAY (@connect2ikay) September 20, 2025
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
12мин
-
48мин
-
3час
-
4час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5