Фото: Слободен печат/Драган Митрески

ВИДЕО | Нуредини: Ако има нешто незаконско околу концесиите за мали хидроцентрали, ќе ги запреме

По неколкуте обелоденети случаи каде месно население не е прашано за согласност околу изградбата на мали хидроцентрали на реките од кои тие се снабдуваат со вода, Слободен печат го праша министерот за животна средина Насер Нуредини дали ќе се преиспитуваат и оние концесии за мали ХЕЦ каде не е почитувана законската обврска за консултација на јавноста.

„Одлуките за овие хидроцентрали се донесени од Владата пред мојот мандат. Ако постои загриженост кај граѓаните, секогаш треба да се побара мислење кај општините на чијашто територија се градат, а ако има евентуални противзаконски дејствија, заедно со Инспекторатот за животна средина ќе ги разгледаме тие случаи, рече Нуредини по денешната средба со локалното население на Средно и Долно Коњари, кои бараат итно одземање на концесијата за црпење на песок од Пчиња која ги загрозува нивните домаќинства и водата за пиење.

Нуредини децидно истакна дека „доколку се утврди дека имало нешто противзаконско, нормално таквите дејствија ќе бидат запрени“.

Според важечките закони и уредби на Владата, на издавањето на концесии за експлоатација на водата за производство на струја, како и за црпење на речен песок од коритата на реките задолжително мора да му претходи процес на консултации на засегнатата јавност, односно на локалното население кое живее блиску до тие реки, како и на граѓанските организации и одржување на јавни расправи. За дел од концесиите, меѓутоа, локалното население не било информирано и не биле одржани јавни расправи, а концесии сепак биле издадени.

Еден од примерите е и концесијата на реката Шталковица кај пробиштипското Турско Рудари, каде локалното население започна со блокади на локалниот пат во знак на протест поради изградба на мала ХЕЦ. Истиот концесионер, ДИС Енергија најавува почеток на градба на хидроцентрала на Мала Река крај Кочани, за кој исто така не била консултирана јавноста.

Со песокот од Пчиња се „исцрпува“ и животот во Горно Коњари

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!