Вулкан Канлаон на Филипините/Фото: Handout / AFP / Profimedia

ВИДЕО | Нова ерупција на вулканот Канлаон на Филипините

Вулкан во централниот дел на Филипините синоќа влезе во фаза на експлозивна активност, исфрлајќи сив пепел километри во воздухот и расфрлајќи вулкански остатоци.

Канлаон, еден од 24-те активни вулкани во архипелагот во Југоисточна Азија, исто така влезе во фаза на експлозивна активност во април.

Тревога од трето ниво – на скала од пет степени – веќе беше прогласена за време на вулканска ерупција во декември, која остана непроменета до денес, при што радиусот во кој е задолжителна итна евакуација на граѓаните се одржува на шест километри од кратерот.

Блиските села веќе беа испразнети од своите жители кога беше наредена брза евакуација во декември.

„Умерената“ ерупција се случила „во кратерот на вулканот Канлаон во 02:55 часот по локално време, соопшти Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија, прецизирајќи дека нејзиното траење било околу пет минути. Според истиот извор, вулканската пепел достигнала висина од „околу три километри“.

Во август 1996 година, неочекувана ерупција на вулканот Канлаон ги одзеде животите на тројца планинари кои беа во близина на врвот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот