Гори објект во Трубарево / Фото: скриншот

ВИДЕО | Нов пожар во Скопје: Гори објект во Трубарево

Пожар избувна попладнево во објект во скопската наслеба Трубарево. Црн и густ чад се издига и може да се види од далеку.

Информацијата за пожарот ја потврди директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој рече дека гори објект на Нула отпад Скопје, без да даде повеќе детали за пожарот.

Загрижени граѓани споделуваат фотографии и драматични снимки од пожарот. Не е јасно што е запалено и дали има повредени.

Се очеуваат повеќе информации од Центарот за управување со кризи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот