„Марш за ангелите“ во Кочани / 31 мај 2025 г. / Фото: Инфомакс / скриншот

ВИДЕО: „Ние изгубивме, вие уште имате за што да се борите“, порачаа семејствата на загинатите во Кочани

Во траорен молк, носејќи фотографии од загинатите чеда во рацете, блиските на жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“, нивните пријатели и другари и граѓани од повеќе македонски градови денеска маршираа низ улиците на Кочани на осмиот по ред „Марш за ангелите“, преку кој упатија порака дека ја чекаат правдата.

Тие носеа транспаренти со порака до сите во Македонија: „Ние изгубивме, вие имате уште за што да се борите“.

Ова е осми по ред марш кој го организираат семејствата на загинатите во трагичниот пожар кој се случи на 16 март, во кој загинаа 62-ца млади луѓе, а преку 200 беа повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот