Протести пред хотел во Британија кадешто се сместени азиланти/Фото: Jacqueline Lawrie / Zuma Press / Profimedia

ВИДЕО | Немири пред хотел во Британија каде што се сместени баратели на азил по пријава за сексуален напад врз 14-годишно девојче

Нови судири избувнаа во неделата вечерта пред хотел во кој привремено се сместени баратели на азил во Епинг, североисточен лондонски округ, при што некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата.

Едно лице беше уапсено, соопшти полицијата, откако стотици луѓе учествуваа во демонстрациите. Некои демонстранти фрлаа шишиња и димни бомби кон полициските возила што го блокираа патот до хотелот, пренесе британската новинска агенција PA Media.

„Спасете ги нашите деца“, „Пратете ги дома“, скандираа тие едногласно. „Истерајте ги странските криминалци“, „Бранете ги нашите ќерки“, пишуваше на транспарентите што ги држеа.

Инцидентите избувнаа неколку дена откако 38-годишен барател на азил беше обвинет за сексуален напад. Тој се обидел да прегрне и бакне 14-годишно девојче, што таа го негираше кога се појави на суд во четврток.

Протест пред хотел за азиланти во Епинг/Фото: Jacqueline Lawrie / Zuma Press / Profimedia

Осум полицајци беа повредени во насилни инциденти во четврток вечерта. Рано вчера попладне, 33-годишен маж беше обвинет за учество во насилни немири откако учествувал на сличен собир.

Тензиите потсетуваат на антиимиграциските немири во земјата во летото 2024 година, по убиството на три девојчиња во Саутпорт (северозапад), кои беа избодени од тинејџер. На крајот се покажало дека сторителот е Британец.

Бунтовниците извршија напади врз хотели во кои се сместени баратели на азил во различни градови и се обидоа да запалат еден таков објект во Ротерам, Североисточна Англија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот