Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

ВИДЕО | Милан славеше против Лацио, но ќе стравува за Леао

Mилан во дербито против Лацио попладнево забележа сигурна победа од 2:0, победата „росонерите“ ја обезбедија уште во првото полувреме кога ги постигнаа двата гола.

Триумфот на Милан секако беше добредојден и поради киксот против Кремонезе пред неколку дена. Резултатот беше отворен по една грешка во одбраната на Лацио, а тоа го искористи Исмаил Бенасер. По половина час игра Милан ги постави конечните 2:0 со голот на Тео Ернандез кој го претрча скоро цел терен пред да погоди.

Покрај победата Милан не може во целост да биде задоволен и ќе ги чека прегледите на Рафаел Леао кој беше заменет во 10-тата минута. Голем хендикеп за тимот на Пиоли би било евентуално негово отсуство во полуфиналето од ЛШ против Интер во среда.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот