
ВИДЕО | Мицковски: Во наредните две години ќе се чисти отровниот линдан од ОХИС што е само 10% од големата депонија тешка 60.000 тони
Канцеларијата за ПОПс, во 2014 година изготви проект за ремедијација на малата депонија кој беше одобрен од Глобалниот еколошки фонд, и во меѓувреме до денешниот ден беа извршени некои подготвителни мерки за да може да се стартуа со самата ремедијација, со самото чистење на малата депонија.
Препорачано
-Беше извршена карактеризација на локацијата, беше утврден степен и обем на загаденост, се направи анализа на ризикот која покажа дека има неприфатливо ниво на ризик како и за вработените во околните погони во ОХИС, така и за околната популација. Мотивирани од тоа, последната фаза од проектот претставува физичко чистење на локацијата, изјави во Утрински брифинг Александар Мицковски, магистар по еколошки науки.
-Имаше распишано тендер и на тој тендер доби грчката фирма „Полиеко“ кои како подизведувачи има нагажирано фирми од Швајцарија, Франција и Холандија. Идејата е ремедијацијата да се изврши во строго контролирани и затворени услови, што значи дека малата депонија ќе биде покриена со шатор и внатре во него ќе има инсталирано негативен притисок, што значи дека притисокот внатре во шаторот ќе биде помал од оној надвор од шаторот и не може ништо да излезе надвор. Загадениот воздух што внатре ќе се генерира ќе помине низ филтри со активен јаглен и ќе се прочисти, вели Мицковски.
-Опасност нема. Ако се преземат сите мерки кои се наведени во планот за ремедијација од изведувачот и сите мерки кои беа побарани во тендерската документација, можноста за некакви емисии е сведена на минимум, практично невозможна, вели Мицковски.
Целиот разговор погледнете го во видеото: