Фото: „Икс“ / скриншот

ВИДЕО: Мицкоски ќе ја закопува „длабоката држава која 30 години ја гуши Македонија“, од кои 16 на власт е ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во објава на „Икс“ со пропагандно видео снимено и измонтирано како да е дел од изборна кампања, вели дека изминатите четири години неговата работа и на тимот околу него била „насочена кон секој граѓанин и кон реализација на ветувањата дадени во програмата“.

Во својата порака, изречена во говор на партиски собир на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски вели дека приоритет биле конкретни мерки и проекти кои, како што вели, директно влијаеле врз подобрување на секојдневието на луѓето и создавање подобри услови за живот.

Тој ја споменува и „длабоката држава“ – термин што го користат луѓето кои веруваат во теориите на заговор и кој треба да ги означува „невидливите“, скриени сили кои од позадина ја управуваат државата, без да се покажат јавно.

„Покажавме дека четири години работиме за секој човек, и дека програмата која ја ветивме во најголем дел ја остваривме. Покажавте срце и енергија за вашите општини, со секоја промена која ја направивте. Ги вративте вашите општини на вистинскиот пат. Народот ќе ја врати иднината во свои раце, ќе воспостави правда и ред, и ќе стави крај на „длабоката држава“ која три децении ја гуши Македонија“, вели Мицкоски во пропагандното видео.

Ако се земат предвид последните 30 години, од 1995 година наваму, во поголемиот дел од тие години (16), на власт беше партијата која сега ја предводи Мицкоски – ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот