Во Мексико пронајдени јагленисани човечки останки/Фото: Скриншот/Фејсбук

ВИДЕО: Мексиканските мајки кои трагаат по исчезнатите деца пронајдоа нови гробници со изгорени тела

Човечки останки се пронајдени во тајни гробници во западно Мексико, објави во понеделникот група која трага по исчезнати лица.

Вкупно 25 вреќи, со коски и јагленосани ткива, беа пронајдени во неделата во Ел Салто, Халиско, државата која има најголем број исчезнати лица во земјата, околу 15.000 луѓе.

„Наидовме на импровизирана печка“, објасни за АФП Индира Наваро, од колективот Guerreros Buscadores. „Разгледувајќи малку наоколу, почнавме да наоѓаме коски и парчиња кожа, изгорено човечко месо, смрдеата беше неподнослива. Од импровизираната печка за согорување сè уште излегуваше чад, додаде тој.

Обвинителството, одговорно за проверка на жалбите од ваков карактер, сè уште нема коментар.

Во истата држава Халиско, пет тела, на четворица мажи и една жена, беа пронајдени на патот меѓу општините Енкарнасион и Лагос де Морено.


Групите кои трагаат по исчезнатите лица велат дека нарко-картелите и другите криминални организации користат печки за да ги спалат своите жртви и да ги елиминираат сите траги од нив.

Во октомври, друг колектив – често основан од мајки кои ги бараат своите деца – пронајде човечки останки во печка за согорување на празно место во истата држава Халиско.

Мексико брои речиси 100.000 исчезнати, според најновите официјални податоци, ажурирани на 19 март.

Огромното мнозинство од исчезнувањата се забележани по 2006 година, кога тогашната влада им објави војна на картелите, распоредувајќи ја армијата во внатрешноста.

Мексико брои повеќе од 52.000 тела кои сè уште не се идентификувани, според невладината организација Movimiento por Nuestros („Движење за нашите“).

Државата Халиско е упориште на картелот Неа Генија де Халиско, една од најнасилните банди во земјата, заедно со картелот Синалоа.

Во северозападната држава Синалоа, која се протег на Пацификот, осум лица се водат како исчезнати по киднапирањето на 66 и ослободувањето на 54 заложници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот