Фото: EPA-EFE/KHALED ELFIQI

ВИДЕО: Масовна евакуација во Ерусалим, шумските пожари излегоа од контрола

Откако шумските пожари од областа на Ерусалим излегоа од контрола стотици граѓани беа евакуирани од ова подрачје. Најмалку седум лица се повредени, меѓу кои и две новороденчиња.

Пожарот гори неконтролирано, а црн чад е видлив од многу делови. Министерот за надворешни работи Гидеон Саар побара помош од колегите во Кипар, Хрватска, Италија и Грција за да помогнат во гаснењето на пожарите.

Високата температура и силните ветрови предизвикаа брзо ширење на пожарот во шумските области, што доведе до евакуација на најмалку пет места, се наведува во соопштението на полицијата.

Шефот на израелските одбранбени сили, Ејал Замир, ѝ нареди на армијата да помогне во гаснењето на пожарите што беснеат околу областа на Ерусалим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот