Полициско возило на Албанија / Фото: МИА

ВИДЕО | Масакр во Скадар, најмалку три жртви во вооружен инцидент

Тежок вооружен инцидент се случил доцна попладнево во северниот албански град Скадар, во кој се убиени најмалку тројца луѓе, додека двајца се тешко повредени и се наоѓаат во животна опасност, објавија медиумите од Албанија.

-Идентитетот на сите жртви и околностите и мотивите за настанот не се познати, иако се поврзува со пресметка меѓу криминални групи. Се дознава дека две возила во движење пукале меѓу себе, при што во возило со хрватски регистарски таблички било пукано повеќе пати, а потоа удрило во бетонска ограда – објави „АБЦ њуз“.

Според истиот извор, меѓу повредените е Арлинд Бушати (32), син на поранешниот кандидат за градоначалник од редовите на Демократската партија, Џемал Бушати.

На терен се полициски сили, како и возила на брзата помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!