Фото: EPA-EFE/TIM KEETON

ВИДЕО | Манчестер Сити направи уште еден чекор кон титулата, Челси конечно победи

Манчестер Сити направи уште еден чекор кон титулата во Премиер лигата откако денес го совлада Лидс со 2:1, на клупата на Лидс во овој натпревар дебитираше Сем Алардајс.

Двата гола за „граѓаните“ беа дело на Илкај Гундоган во првото полувреме во 19-тата и 27-та минута. Имаше можност и за хет-трик германскиот фудбалер, но не реализираше хет-трик. Единствениот гол за Лидс го постигна Родриго.

По серијата порази, Лампард конечно ја забележа првата победа по враќањето на клупата на Челси. „Сините“ денес на гостински терен го совладаа Бормут со 1:3. Галагер, Бадиашил и Жоао Феликс стрелаа за Челзи, а погодокот за Бормут го постигна Вина.

Тотенхем со голот на Кејн кој го прескокна Вејн Руни на вечната листа стрелци го совлада Кирстал Палас со 1:0. Со истиот резултат Вулвс беше подобар од Астон Вила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот