Ратко Дуев- Декан на Филозофски факултет

ВИДЕО: Летна школа за социјално и емоционално учење на Филозофски факултет

Филозофскиот факултет во Скопје започна летна школа „Социјално и емоционално учење во раното детство“. Школата се одржува до петок во партнерство со УНИЦЕФ, Министерство за труд и социјална политика и Министерство за образование и наука.

– Проектот за социјално и емоционално учење е визија на УНИЦЕФ која изминатите години беше организира како обука за наставници и воспитувачи, се префрли и во високото образование. Во овој проект покрај Филозофскиот факултет учествуваат уште пет факултети. Идејата е да се изработи прирачник и модул по што ќе премине во Центарот за доживотно учење, вели професорот Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет во Скопје.

Во првата фаза ќе се обучуваат само студенти, а откако ќе бидат завршени законските решенија, проектот ќе влезе во системот, со што оваа обука ќе стане составен дел од обуката на сите воспитувачи, наставници и негователи во предучилишна и училишна воздраст. Бројот на студенти кои можат да се вклучат во летната школа е ограничен на 50.

– Сите студенти кои се дел од летната школа ќе добијат ЕКТС кредити и сертификат за стекнати вештини. Кредитите ќе можат да ги искористат за пост дипломски студии, и за стручно усовршување и унапредување во кариерата, вели Дуев.

Тој информира дека бројот на новозапишани студенти е драстично намален.

– Според Заводот за статистика во 2011 година сме имале 26.500 матуранти, а минатата година имавме 15.300 матуранти. Со оглед на засилената миграција на младите се забележува намален број на новозапишани студенти на Филозофскиот факултет, но нема ниту зголемување на бројот на студенти на останатите факултети, додава деканот на Филозофски факултет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот