Кирил Лазаров, сопственик на Никоб
Кирил Лазаров, сопственик на Никоб / Утрински брифинг

ВИДЕО | Лазаров: Никоб инвестираше во здравствен сектор кој е запоставен, а ниските цени на ПЦР тестовите се реални

Вчера имаше обид за промена на законот за здравствени услуги, но опозицијата се побуни велејќи дека се прави обид да приватизирање на брзата помош. Без да споменува имиња, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски алудираше на приватната компанија во медицинскиот бизнис, „Никоб“, поврзувајќи ја со премиерот Зоран Заев.

-И Апасиев и Мицкоски се деструктвни личности, тие само кочат, ништо не предлагаат. Морам да ги искоментирам затоа што ќе излезе дека се во право. Ние пред две години решивме да инвестираме во приватна здравствена заштита во сектор кој беше запоставен, а тоа е примарната здравствена заштита, домашната посета е одамна укината, а брзата помош не може да постигне. Ние го направивме тоа како што треба, иако работиме во Скопје сепак услугата на транспорт на болни се дава на територија на државата. Почнавме со 10 возила, па набавивме уште пет. Инвестицијата е сериозна, околу 2 милиони евра, се вработија 180 доктори, спасивме многу животи за време на пандемијата. Очигледно дека ова им пречи на опозицијата поради некои нивни интереси, вели Кирил Лазаров, сопственик на Никоб.

Тој вели дека пречки за работа немаат ни сега според закон, измените кои би биле добредојдени би било да се овозможи тимовите да излезат на терен наместо како сега да седат во ординациите.

Лазаров вели дека Никоб Медикал засега работи со загуба, а Никоб Лаборатории работи со добивка и покрај тоа ги намалија цените за ПЦР тестовите затоа што според Никоб Лаборатории реалната цена е четири пати пониска од онаа што им е нудиеше на граѓаните.

-Ние за два месеца, кога на луѓето најмногу им беше потребно, се проширивме и по граничните премини, а даваме лабораториски услуги и дома, вели Лазаров.

Во врска со влезот на Лазаров во електроенергетскиот бизнис, тој вели дека сака да вложува во нови бизниси особено кога климата е поволна. Планот е да направи биогасна централа со соларен парк и оранжерии во партнерство со холандска фирма. Во оранжеријата ќе се произведуваат различни култури, а биогасната центрана и соларниот парк се еколошки извор на енергија.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот