
ВИДЕО | Лаутаро постигна два гола, Интер го одбрани трофејот во Купот на Италија
Тимот на Интер го освои својот втор трофеј во италијанскиот фудбал оваа сезона. По славјето во Суперкупот, вечерва со 2:1 „нероаѕурите“ беа подобри од Фиорентина.
Препорачано
Фиорентина прва дојде во предност откако по само три минути игра Гонзалес го матираше Хандановиќ за водство на „виолетовите“. Сепак, по тоа рано водство Интер беше многу подобар тим на теренот и тоа знаеше како да искористи.
Латуаро Мартинез изедначи во 29. минута по асистенцијата од Брозовиќ, а истиот играч повтроно беше во центарот на вниманието кога погоди и за пресврт од 1:2 пред крајот на полувремето.
Фиорентина во второто полувреме започна мотивирано и создаде неколку прилики, меѓутоа голот изостана. Имаше и Интер свои шанси за зголемување на водството, но нов гол не видовме.
Интер со оваа победа го одбрани трофејот во Купот освоен минатата година, а до крајот на сезоната го чека уште едно финале и тоа во Лигата на шампионите против Манчестер Сити.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7час
-
8час
-
8час
-
8час
-
9час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5