Гранатирана единствената католичка црква во Газа/Фото: EPA/MOHAMED HAJJAR

ВИДЕО | Крвав напад со две жртви врз единствената католичка црква во Газа, реагираше Рим

Две жени се убиени, а неколкумина се повредени во напад врз католичка црква во Појасот Газа, соопштија денес лекарите во болницата Ал-Ахли во градот Газа и Латинскиот патријархат во Ерусалим.

Нападот ја оштети Црквата на Светото Семејство, единствената католичка црква во палестинската енклава.

Италијанската новинска агенција АНСА објави дека шест лица се сериозно повредени, додека парохискиот свештеник, отец Габриеле Романели – кој редовно го информираше покојниот папа Франциск за израелско-палестинскиот конфликт – претрпе лесна повреда на ногата.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони, во писмена изјава, се осврна на постојано растечките тензии на Блискиот Исток.

„Израелските бомбардирања во Газа ја погодија и црквата на Светото семејство. Нападите врз цивилното население, што Израел ги извршува со месеци, се неприфатливи. Ниту една воена операција не може да оправда таков став“, нагласи италијанската премиерка.

Ватикан не одговори веднаш на барањето за коментар.

Израелското Министерство за одбрана објави, дека ги испитува информациите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот