ВИДЕО | Костова: Владата да ја зголеми минималната плата на 500 евра и да го укине ДДВ на храна

Според последните податоци, на едно четиричлено семејство во јули му се потребни над 65.000 денари само за основни трошоци. Само за храна, им требаат речиси 24.000 денари. Тоа е повеќе од минималната плата која стои ниско во место, додека цените пробиваат плафон, истакна Костова.

СДСМ ја повика Владата да ги прифати нејзините предложени мерки за заштита на стандардот на граѓаните – зголемување на минималната плата на 500 евра и укинување на ДДВ на храна.

Време е Владата да запре со ПР и калкулации оти сиромаштијата не се решава со измислување на нови кошнички, туку со одговорна политика и итни конкретни мерки, вели потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова.

Според последните податоци, на едно четиричлено семејство во јули му се потребни над 65.000 денари само за основни трошоци. Само за храна, им требаат речиси 24.000 денари. Тоа е повеќе од минималната плата која стои ниско во место, додека цените пробиваат плафон, истакна Костова.

Таа додаде дека за само три месеци, синдикалната кошничка е поскапа за 2.637 денари, а годишната инфлација достигнала 4,5%.

„Ова не се бројки на „четврта економија“, туку алармантни податоци за економија во колапс. Јасен, недвосмислен доказ за целосниот дебакл на економските политики на Владата на Христијан Мицкоски. И во вакви услови, додека народот не знае што ќе стави на трпеза, наместо да преземе мерки, Мицкоски прави весела математика со „пет типови синдикални кошнички“. Фактот дека народот нема пари не може да се сокрие со инженеринг во бројот на кошнички“, рече Костова.

Кога станува збор за функционерите, додаде таа, има пари, а за народот нема.

Премиерот Мицкоски најави дека многу скоро ќе ги објави новите мерки на кои интензивно работат со експертите и со министерот за економија. Тој вчера рече дека потрошувачката кошничка треба да се подели на пет сегменти – потрошувачка кошничка за самец, за млад брачен пар, за трочлено семејство, за четиричлено семејство и потрошувачка кошничка за пензионери.

Растат цените, расте и синдикалната кошничка – во јули чинела 65.328 денари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот