
ВИДЕО | Киев ќе се бори да го врати Змискиот остров: Тој што го има островот има целосна контрола врз западниот дел на Црното Море
Украина ќе се бори за оддалечениот Змиски остров во Црното Море „колку што е потребно“, изјави денеска шефот на разузнавачката служба на украинската армија Кирило Буданов.
Препорачано
„Кој го контролира тој остров, може во секое време да го блокира движењето на цивилните бродови во сите правци кон југот на Украина“, рече Буданов, пренесе Ројтерс.
Според некои официјални лица, обновените борби околу Змискиот остров во претходните денови би можеле да станат битка за контрола над западниот брег на Црното Море, додека руските сили се обидуваат да се пробијат до украинскиот север и исток.
Змискиот остров, со големина од околу 17 хектари, се наоѓа во областа Одеса, подеднакво е оддалечен од романскиот град Сулина и украинскиот град Вилково, а овој регион е препознатлив и по богатите резерви на нафта и гас.
За потсетување, извор од руските безбедносни сили неодамна изјави за РИА Новости дека најновите напади на Змискиот остров биле „дизајнирани од британски советници и дека наредбата била издадена од украинскиот претседател Владимир Зеленски, и покрај забелешките на украинскиот Генералштаб“.
The fightback by Ukraine for Snake Island could decide if Russia will exercise dominance over the north-western Black Sea
Watch this video for more. pic.twitter.com/OUfYhg309E
— Hindustan Times (@htTweets) May 11, 2022
– Наредбата за неверојатно глупавиот напад на Змискиот остров ја дал лично Зеленски и побарал „медиумскиот“ резултат да се постигне до 9 мај. Според веќе потврдените информации, Валериј Залужни и неговиот Генералштаб биле против оваа самоубиствена операција, идеја која му ја предложиле на Зеленски неговите британски советници – велат руските разузнавачи
– Финалето на оваа акција требаше да биде заедничка изјава за таканаречената „победа“ на британскиот премиер Џонсон и Зеленски. Но, на крајот, само Џонсон зборуваше вчера, без да спомене ни збор за катастрофата од операцијата за окупација на нападот на островот Змии – додадоа руски разузнавачки извори.