
ВИДЕО | Италијански новинар бараше од Модриќ никогаш да не се пензионира
Хрватска вчера во ремизираше со Италија 1:1 и така веројатно го заврши настапот на Европското првенство. Хрватите имаат само теоретски шанси за пласман во следната фаза и многу работи треба да се поклопат за да бидат помеѓу најдобрите четири третопласирани репрезентации.
Препорачано
По натпреварот во центарот на вниманието беше Лука Модриќ кој го постигна голот за својата репрезентација, а во финишот кога Закањи постигна гол за 1:1 беше на клупата.
Италијанскиот новинар Франческо Репис покажа голема почит кон хрватскиот ветеран барајќи од него никогаш да не се пензионира.
„Како италијански новинар сакам да ти се заблагодарам, не само за тоа што покажа вечерва, туку за се во твојата кариера. Даде гол откако промаши пенал. Сакам да те замолам никогаш да не се пензионираш, ти си еден од најдобрите кои сум ги гледал и коментирал. Ти благодарам“, гласеше пораката од новинарот.
Самиот Модриќ беше трогнат од неговите зборови.
„Ти благодарам на убавите зборови. Би играл и јас засекогаш, но ќе дојде време когаќ е морам да ги закачам копачките. Засега ќе продолжам, не знам до кога ќе бидам во можност“, одговори Модриќ.
За разлика од Хрватска, Италија со тој гол на Закањи си го обезбеди местото во осминафиналето каде што во сабота ќе игра против Швајцарија.
This was a truly beautiful moment in the post-match press conference ❤️#BBCEuros #Euro2024 #CROITA pic.twitter.com/K8VowAgm7m
— BBC Sport (@BBCSport) June 24, 2024