Рахамин Мизрахи/Фото: Слободен печат

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Мизрахи: Еврејската вера е Библијата, не е религија за Библијата

„Слободен печат“ во поддршка на верските заедници во Македонија. Без разлика дали верувате во себе или во Господ, Алах, Синот и Светиот дух, се водите по Куранот, Библијата или Светото писмо, на крајот сте сепак човек, кој е дел од една заедница. Православен, муслиман, скиентолог, бектеш, дервиш, евангелист, католик или јудеист. Сите заедно треба да градат соживот и да се разбираат и да се прифатат меѓу себе. „Слободен печат“ ќе се обиде преку запознавање на религиите, да одговори на прашања кој како го слави Господ, кој што празнува, во што верува, како ја следи верата. Целта е да се запознаеме себеси, но и соседот, пријателот, познајникот кој е припадник на друга верска заедница или црква. Преку серијал од десетина епизоди се надеваме дека ќе придонесеме подобро да се запознаеме меѓу себе и да сфатиме дека на крајот сите сме исти.

Рахамин Мизрахи е припадник на еврејската верска заедница, магистер по комуникација, адвокат. Тој вели дека за јудаизмот повеќе одговара терминот вера, а не религија.

-Јудаизмот не се сведува на добивање на бенефит од архи објектот, напротив, во јудаизмот, Господ доаѓа на планината Синеј, каде што на Мојсеј му ги предава десетте божји заповеди, па бара од еврејскиот народ да ја направи земјата света, боженствена, рајска градина, и затоа сеуште го чекаме Мејсијата.
Еврејската вера се сведува на служење на бога, неговата цел, план, причини на создавање на светот. Еврејската вера е Библијата, не е религија за библијата- вели Мизрахи.

Рахамин Мизрахи/Фото: Слободен печат

За празнувањето вели дека имаат многу празници. Прв и најголем празник е Шабат, поради тоа што бог го создава човекот шест дена, седмиот ден одмара.

-Од појавата на првите ѕвезди во петок до појавата на првите ѕвезди во сабота, тој ден го поминуваме во мирување и во молитва. Втор важен празник е Песах, тој е празник кој го одбележува излегувањето на еврејскиот народ од Египет и ослободувањето на народот, тој е почеток на верската година. Следниот е Јом Кипур, кој што е и државем празник во земјава и тоа е ден кога се бара простување од гревовите од Бога, многу наликува на Прочка, меѓутоа, е многу комплексно да навлеземе во таа тема- вели Мизрахи.

Тој објаснува дека следна е Рош Хашана или Глава на годината, што би значел почеток на еврејската календарска Нова Година и Ханука.

-Исто така тука е празникот на светлината, потоа имаме Синхадтора, денот на примањето на тората. Преку свештени лица се организираат молитви, се празнуваат сите празници. Македонските евреи зборувале „ладино“ јазик, тој е јазик кој што денеска е во изумирање, тој е шпанско-хебрејски јазик. За жал, последната генерација која што го говореше тој јазик се нашите дедовци и баби кои многу малку од нас го наследија- вели Мизрахи.

Целото интервју на нашата колешка Агнеса Чаволи погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот