Фото 'Слободен печат' - Здравев Методи

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ| Миле Бошков, Бизнис конфедерација: Малку ги плаќаме работниците за тоа што го работат!

Претседателот на Бизнис конфедерацијата, Миле Бошков, можеби е единствениот работодавач кој кажува дека работниците во Македонија се премалку платени за тоа што го работат. Но тој, како и многу други вели дека платите не се единствената причина за заминувањето на работната сила. Тие си заминуваат затоа што со иста работа, во друга земја ќе се чувствуваат побезбедно, како во однос на здравствената заштита, така и во однос на квалитетот на животот.

– Никаде во светот како во Македонија не се помалку платени работниците за она што го работат. Малку ги плаќаме. Поголем дел од компаниите не знаат системски да постават едно работно место. Во поголем дел од споровите победници се работниците, наспроти работодавачите. Тоа е чист показател дека се нема елементарно познавање на правна процедура за систематизација на работни места од вработување, до отказ, а да не зборуваме за продуктивноста, бонусите, наградите… – вели Бошков во разговор за „Утрински печат“.

Тој вели дека добро е што може да се увезува работна сила, но ниско е нивото на квотите што го овозможуваат увозот и може да се случи голем дел од увозот да биде надвор од прописите и надвор од регулираните права.

– Ако се сметаме за демократска земја која сака да биде дел од европските, од атланските интеграции, тогаш мора да се отвориме како земја. Можеби тоа ќе ја создаде и конкуренцијата. За жал, ние традиционално ги практиикуваме законите кои ни одговараат само на нас, но кога станува збор за интернационални практики, тогаш сме за тоа нашите да се вработуваат во странство, но странците да не се вработуваат кај нас – бели Бошков.

Бошков позитивно гледа на Отворен Балкан за да може да си ги средиме нашите политики внатре.

– Сега ќе се надминат пречките и многу наши работници ќе може да работат во Албанија и во Србија, па можеби токму тоа ќе овозможи да креираме нови политики, затоа што како што кажав, досега не успеавме да се наметнеме – вели Бошков.

Целото ВИДЕО ИНТЕРВЈУ погледајте го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот