
ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Костадиновска: Булингот може да биде причина за депресија кај децата
Булингот може да биде причина која може да доведе до депресија и анксиозност кај децата и младите- вели д-р Марија Костадиновска, психијатар во Клиниката „Жан Митрев“ од Скопје во утринската емисија „Слободен печат“ на Слободна ТВ.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
-Булингот е присутен уште од градинка. Тој е значителен фактор кој може да доведе до депресија. Влева чувство на нестабилност. Ако не се спречи води кон оваа состојба. Од друга страна и деца кои го вршат булинг се емотивно неостварени, незадоволни, фрустрирани. Насилство кај нив доаѓа кога го гледаат најчесто дома или од нивни блиски. Тука е клучно да се следи не само личноста која трпи булинг, туку и тој кој го прави врсничкото насилство и тоа така треба да се третира- вели Костадиновска.
Според неа многу е битно родителите да сфатат треба да се обраќаат кон децата со убав збор.
-Нема ти си лош, ти си грд. Детето мора да расте во хармонична средина. Децата мора да растат во хармонична средина. Ваквите состојби влијаат врз емоционалната состојба на детето и тоа мора сериозно да се третира- вели Костадиновска.
Целото интервју со психијатар д-р Марија Костадиновска погледнете го во продолжение: