Бојан Кордалов - комуниколог / Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Кордалов: Дел од политичарите не знаат како да комуницираат со јавноста

Комуникацијата на социјалните мрежи е одраз на општесвото во кое живееме. Ниското ниво на виртуелното изразување на граѓаните се должи на повеќе фактори.

Неказнивоста се демонстрира на целото општество, вели во емисијата „Слободен печат“ на Слободна ТВ, комуникологот Бојан Кордалов. Според него, луѓето имаат одврзани раце да пишуваат на интернет што саакаат, без разлика дали тој коментар, повредува, навредува, дискриминира, шири говор на омраза, шири паника.

Постојат и други фактори кои влијаат на ниското ниво на коминикација во виртуелниот свет, како начинот на однесување и изразување на политичарите кои треба да бидат пример за граѓаните.

– Политичарите немаат никаков осет за тоа како комуницираат во јавноста какви термини користат, какви постапки прават. Ги гледам на партискиоте говорници, на митинзите, во Собранието. Не сите, меѓутоа голем дел не се водат на стандардната комуникација, која што би требало да биде пример за сите граѓани. Тие што ги носата законите или тие што ги спроведуваат, немаат никаква контрола или се однесуваат непримерно, каква порака праќаат кон нас?! Нормално, дека секој може да прави што сака и дека не постојат правила на игра, вели Кордалов.

Според Кордалов, не се создаваат позитивни пракси за тоа како да се користат социјалните медиуми. Тој вели дека, не смееме да ги негираме социјалните мрежи дека постојат, туку треба да сме свесни за што служат.

– Едноставно социјалните медиуми се присутни, а ние во континуитет ги правиме или дека се премоќни и преважни или неважни и лоши. Социјалните медиуми се канал кој што ни дава простор да го кажеме нашето мислење да се зближиме со наши истомисленици да дебатираме, да бидеме поблиску виртуелно со луѓето што ни се на дистанца, тоа се предностите. Не треба да оставиме социјалните мрежи нас да не контролират, појаснува Кордалов.

Целиот разговор со Бојан Кордалов погледнете го во продолжение:

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот