Архива на СП

ВИДЕО I Хрватска со протестна нота до Србија: Српски теолог на тврдината во Книн – Ова е Краина, ќе го вратиме нашето знаме

Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска вечерва упати протестна нота со Амабасадата на Србија во Загреб.

– Министерството за надворешни и европски работи најостро го осудува скандалозниот чин на членот на делегацијата предводена од државниот секретар во Министерството за државна управа и локална самоуправа на Република Србија за време на посетата на Република Хрватска и праќањето на пораки со кои на најгруб начин се навредува Република Хрватска и се пропагираат поразените големосрпски идеи, соопшти хрватското Министерство за надворешни и европски работи по посетата на Милош Стојковиќ, претставник на православниот манастир Хиландер за хуманитарна работа.

Реакцијата следуваше по објавената видео снимка од тврдината во Книн на која Стојковиќ рече „сега сме во наша Краина, да живее Србија, да живее Краина, да живее Српска Краина“. На снимката се гледа и како Стојковиќ вели дека „тие тука ја слават т.н. „Олуја, го слават прогонот на српскиот народ. А, ние сме тука да им покажеме колку што можеме дека ова, сепак, е Српска Краина. Овде на врвот е нивното знаме, а ќе даде Господ еден ден да го вратиме нашето“.

Фото: facebook

Во соопштението на хрватското Министерство се констатира „жалење што таквите неприфатливи изјави доаѓаат од лице кое било дел од официјална делегација од Република Србија за што очекуваме официјално извинување и недвосмислено оградување“.

Реагираше и градоначалникот на Книн, Марко Јелиќ кој на Милош Стојковиќ му порача „срамете се поради лицемерието што го живеете и што сте“. Според Јелиќ, хрватското знаме на тврдината во Книн го симболизира „светото тло на хрватскиот народ и неговата државност од 13 век и така ќе остане и во иднина“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот