ВИДЕО: Хрватски деца наредени и „вооружени“ како војска – водачот вика „За дом“, тие одговараат „Спремни!“

На социјалните мрежи во регионот циркулира вознемирувачко видео на кое се гледа група деца како го извикуваат усташкиот поздрав „За дом, спремни“ како дел од игра. Децата се наредени во ред, држејќи модели на пушки, дрвени или пластични, додека едно дете, кое е водач, извикува „За дом“, а другите одговараат со „Спремни“. На крајот, сите заедно го извикуваат овој озлогласен поздрав под кој беа извршени бројни злосторства, пренесува Нова.рс.

За да се заштити идентитетот на децата, снимката e заматена, а гласовите дигитално изменети. Сепак, снимката предизвика бура од реакции, со оглед на тоа што поздравот е прогласен за кршење на јавниот ред со правосилни судски пресуди во Хрватска.

Како што пренесуваат медиумите, хрватското Министерство за внатрешни работи се уште не дава одговори на прашањата – каде и кога е направена и дали ќе се спроведе истрага.

Поздравот „За дом спремни“ со години е предмет на жестоки општествени дебати во Хрватска, но во последните месеци сè повеќе влегува во јавниот простор. На концертот на Марко Перковиќ Томпсон на почетокот на јули, стотици илјади собрани луѓе извикуваа „Спремни“ на извикот на Томпсон „За дом“.

Концерт на Томпсон во Загреб пред половина милион посетители, приведени 123 лица

Претседателот на Парламентот, Гордан Јандроковиќ, го бранеше концертот на социјалните мрежи, каде што ги нарече критичарите „радикално левичарски лицемери“.

И покрај бројните повторувачки случаи,  медиумите пишуваат дека недостасуваат институционални одговори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот