Фото: Screenshot

ВИДЕО | Халанд промаши празен гол, Гвардиола не можеше да си поверува

Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед попладнево го играат дербито во Премиер лигата, а еден од најдобрите фудбалери во светот во овој момент во првото полувреме од ова дерби баш и не се прослави.

Норвежанецот се најде во идеална прилика каква што би посакал секој напаѓач и на неколку метри од голот имаше празна мрежа, Онана веќе беше совладан, но Халанд во таа ситуација ја испрати топката над голот.

Камерите во овој момент ја забележаа и реакцијата на Пеп Гвардиола и очигледно е колку искусниот стратег беше изненаден од промашувањето на својот најдобар напаѓач.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот