
ВИДЕО | Француски војници упаднаа во рускиот танкер кој се сомничи за мистериозните прелети на дронови над Данска
Суд во Франција отвори истрага за танкерот „Пушпа“ (или „Боракај“), кој беше закотвен покрај брегот на Сен Назер и претходно беше цел на санкциите на Европската Унија во февруари како дел од руската „флота во сенка“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Претседателот Емануел Макрон изјави дека екипажот на бродот направил „многу сериозни грешки“, кои оправдуваат отворање на судска постапка, но остана претпазлив за можната врска со прелетот на беспилотни летала над Данска, јавува Индекс.хр.
Патувањето на танкерот
Агенцијата АФП анализираше патувањето на бродот со податоци од „Весел Фајндер“. Имено како што наведува порталот бродот долг 244 метри ја напуштил Индија на почетокот на август и останал закотвен во Русија до 18 септември, а потоа се упатил кон запад преку Финскиот Залив. На 22 септември, истиот ден кога беа забележани мистериозните летови со беспилотни летала над Данска, танкерот минал покрај бреговите на Полска, Шведска и Данска. На 28 септември пристигна покрај францускиот брег, каде беа преземени оперативни мерки.
🚢 Windward’s Ship of the Day: Boracay (IMO 9332810).
This false-flagged, Russia-trading tanker made headlines after Denmark named it as one of 3 ships possibly used as a launch point for drones that closed Copenhagen’s airport last week. 🧵👇https://t.co/vgIm1fcQ9e pic.twitter.com/TwRb6uhNRE
— Windward (@WindwardAI) September 29, 2025
Присуство на француските војници
Француската војска се качи на танкерот, соопшти АФП. Маскирани војници патролираа по палубата на бродот, кој повеќепати ги менувал имињата и знамињата, а регистриран е во различни држави како Габон, Маршалски Острови и Монголија.
Потенцијална врска со беспилотни летала
Според The Maritime Executive, бродот можеби бил вклучен во прелетите на беспилотни летала над данските аеродроми, можеби како „лансирна рампа“ или „мамка“.
France has seized the 244-meter tanker “Pushpa” (also known as “Boracay”) off Saint-Nazaire, suspected of belonging to Russia’s shadow fleet. The ship, which departed Primorsk on September 20 with 115,000 tons of oil, is under investigation for maritime violations. pic.twitter.com/sKsHs5IFs4
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) October 1, 2025
Минатата недела, Данска се соочи со серија инциденти над своите воени бази и аеродроми, вклучувајќи го и Каруп, најголемата воздухопловна база во земјата. Беспилотните летала беа забележани и во Германија, Норвешка и Литванија.
Данските власти предупредија дека упадите се дело на „професионален актер“ кој комбинира воени и цивилни методи за да го наруши функционирањето на критичната инфраструктура. Некои аеродроми, вклучувајќи Алборг, Билунд и Копенхаген, беа привремено затворени, а летовите во Осло исто така беа накратко прекинати.
Значење на истрагата
Случајот го нагласува значењето на борбата против руската „флота во сенка“ – бродови кои пловат под странски знамиња за да ги заобиколат санкциите на ЕУ за продажба на нафта. Францускиот обвинител од Брест, Стефан Келенбергер, отвори истрага поради „неуспехот да се добијат докази за националноста/знамето на бродот“.