Венко Филипче, претседател на СДСМ/ Фото: Слободен печат/ Методи Здравев
Венко Филипче - Претседател на СДСМ - Фото Слободен печат - Методи Здравев

ВИДЕО | Филипче во интервју за „Слободен печат“: Сите политики одат во насока на тоа дека власта е договорена со големите бизниси

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, во интервју за „Слободен печат“ вели дека сите политики на власта одат во насока на тоа дека таа е „договорена со големите бизниси“.

„Платите не растат. Сите политики одат во насока на тоа дека власта е договорена со големите бизниси, големите фабрики, големите трговци. Дека се договорени со газдите на големите маркети и нема контрола на цените. Дека се договорени со големите винарии и дека нема доволни цени за откуп на грозјето. Дека се договорени со газдите на сите големи фабрики и нема раст на платите. Затоа што тоа ним не им одговара“, вели Филипче, со кого разговараше одговорната уредничка на „Слободен печат“, Жана П. Божиновска.

Целото интервју со Венко Филипче ќе го емитуваме утре (6 септември) во 9 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот