Фото: Screenshot

ВИДЕО | Eмоциите беа посилни од него: Погба се расплака додека го потпишуваше договорот со Монако

Пол Погба, некогашниот светски шампион и еден од најталентираните фудбалери на својата генерација, се врати на фудбалот и тоа во редовите на Монако.

Францускиот фудбалер пристигнува во тимот од Кнежевството по тежок период во Јувентус, каде што вториот мандат беше исполнет со повреди, суспензии и неизвесност околу неговата иднина.

Сега, 31-годишниот Погба добива шанса за ново фудбалски почеток и шанса повторно да блесне на терените од елитното француско првенство и да се врати на мапата на големиот фудбал, од која во последните сезони речиси исчезна.

Токму поради се што помина низ изминатите години, емоциите при потпишувањето на договорот за него беа пресилни, па не можеше да ги задржи солзите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот