REUTERS/Stringer

ВИДЕО: Екстремна толпа упадна во англиски хотел со баратели на азил

Екстремно десничарска толпа упаднала во хотелот Холидеј Ин во англискиот град Ротерхам, каде што престојуваат барателите на азил. Полицијата исто така е на местото на настанот и се обиделе да ги запрат. На влезот на хотелот запалиле оган, кој подоцна бил изгаснат.

Британскиот премиер Кер Стармер го осуди “екстремно десничарското насилство”. Говорејќи пред новинарите во моментот, премиерот рече дека оние кои се вклучени ќе ја почувствуваат “целосната сила на законот”.

“Ви ветувам дека ќе зажалите што учествувате во ова”, им рекол тој на оние кои биле вклучени во немирите, додавајќи: “Нема оправдување за ова”.

Тој рече дека луѓето во оваа земја “имаат право да бидат безбедни”, а сепак ние сме виделе “напади врз муслиманските заедници и нацистички поздрави на улиците”.

“Нема да се плашам да го наречам како што е – крајно десничарски разбојништво”, рече Стармер, ветувајќи дека ќе стори “се што е потребно за да ги донесе овие насилници пред лицето на правдата”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот