Фото: twitter

ВИДЕО: Експлозија на трајлер во Нешвил, повредени луѓе и оштетени згради

Силна експлозија на кампинг возило (трајлер) паркирано во центарот на Нешвил, во сојузната американска држава Тенеси, предизвика оштетување на неколку околни згради и издадена е наредба за евакуација на граѓаните, соопштија локалните власти, објави њујоршкиот весник „Њузвик”.

Некои медиуми објавија на Твитер дека по експлозијата дошло до уривање на една од зградите. Меѓу другото, пишуваат и дека пожарникарите се повлекуваат од местото на несреќата и се трага по евентуални жртви. Веројатно повеќето луѓе се здобиле само со полесни повреди, наведуваат локалните медиуми.

Подоцна е соопштено дека била спроведена евакуација на граѓаните кои живеат во два блока од местото на експлозијата, а пожарникарите ги советувале луѓето да не се приближуваат до комбиња и камиони на улиците поради можни нови експлозии.

Засега не е позната причината за експлозијата на паркингот во Нешвил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот