Гранатирање во Миколајив/ Фото Принтскрин Твитер

ВИДЕО: Експлозии во украинскиот град Миколајив

Утрово Би-Би-Си објави нови извештаи за обновено руско гранатирање во јужниот пристанишен град Миколајив.

Градските власти допрва треба да ги коментираат извештаите, но локалниот медиум „Њуз-Н“ соопшти дека гранатирањето започнало околу 05:00 часот по локално време.

А видеото објавено од новинарот на Њујорк Тајмс, Мајкл Швирц, кое можете да го погледнете подолу, се чини дека покажува дека ноќното небо се осветлува со експлозии.

Швирц на Твитер напиша дека се чини дека гранатирањето е концентрирано на источната периферија на градот.

Обновениот напад доаѓа еден ден откако украинските сили го одбија рускиот напад врз градот со 476.100 луѓе и повторно го зазедоа локалниот аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот