
ВИДЕО: Експлозии на кримскиот мост, Украинците активираа 1.100 кг експлозив
Кримскиот мост, клучна транспортна врска меѓу Русија и полуостровот Крим, беше затворен за сообраќај повеќе од два и пол часа откако беа пријавени експлозии во негова близина во текот на ноќта. Како што објави украинската агенција УНН, повикувајќи се на Телеграм каналот „Кримски ветер“, сообраќајот беше прекинат поради сомневање за можен напад од поморски беспилотни летала, што набрзо беше потврдено и од украинската безбедносна служба.
Препорачано
Според руските безбедносни служби , причината за затворањето е технички преглед на Кримскиот мост, што уследи по извештаите за оштетување на структурата на мостот
.
СБУ провела нову унікальну спецоперацію і втретє вразила Кримський міст — цього разу під водою!
Операція тривала декілька місяців. Агенти СБУ замінували опори цього незаконного об’єкта.
➡️ https://t.co/Rf4fR7QDXk pic.twitter.com/wgsS4HoCbc
— СБ України (@ServiceSsu) June 3, 2025
Мостот не беше затворен за време на самиот напад, туку само во 6:07 часот наутро, што дополнително ги разгоре шпекулациите за сериозноста на ситуацијата. Околу 9:20 часот наутро, тој беше повторно отворен за сообраќај, а според руските извори, мостот наводно го „издржал“ нападот.
Кримскиот мост е редовна цел на украински напади поради неговата стратешка важност за руските воени и логистички операции. Нападите имаат за цел да го прекинат рускиот дотур на јужниот фронт и да ја ослабнат контролата врз окупираните територии.
Безбедносната служба на Украина (СБУ) објави дека го оштетила Кримскиот мост со подводни експлозиви. Украинското разузнавање, исто така, сподели видео од експлозијата.
Операцијата е резултат на „неколкумесечна“ работа, објави СБУ, додавајќи дека 1.100 кг експлозив биле детонирани во 4:44 часот наутро и дека немало цивилни жртви.