Фото: Фејсбук / скриншот

ВИДЕО: ЕБР вежбаше разбивање демонстранти на плоштад во Кавадарци

Единицата за брзо распоредување на МВР, по повод 24 години од постоењето, одлучи да изведе показна вежба во разбивање демонстранти, која се одржа на градскиот плоштад во Кавадарци. Една група „демонстранти“, веројатно и самите припадници на полициската единица, глумеа гневна толпа, а другата група, во полна опрема, глумеше дека ја потиснува и разбива толпата.

Коментарите на видеото објавено од локалните фејсбук-страници во Кавадарци се разновидни. Додека едни сметаат дека во целата вежба има комични елементи, а други дека полицајците во реална ситуација не би се соочиле со толку мал отпор, трети прашуваат: Дали ова е тренинг за евентуалните масовни протести кои ги очекува власта?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот