ВИДЕО: Долги колони на граничниот премин Богородица, се чека влез во Грција повеќе од еден час

Вообичаена слика на почетокот од секој продолжен викенд.

На граничниот премин „Богородица“ со Грција колони возила, се чека и повеќе од час за влез кај нашиот јужен сосед.Денеска има долги колони и гужви и на преминот во Дојран, каде се забележуваат возила претежно со македонски и српски регистрации.

Моменталната слика на граничниот премин може да ја видете на следниов линк.

Отворени се пет пунктови на МВР за проверки, за премин на границата.

Инаку голем број граѓани продолжениот празничен викенд ќе го поминат на грчките плажи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот