Фото: Фејсбук / скриншот

ВИДЕО: Додека Македонија тагува, некој пука огномет на скопскиот кеј

Долг и голем огномет вечерва беше забележан на кејот на Вардар во центарот на Скопје, во деновите во кои цела Македонија тагува поради изгубените млади животи во Кочани, а и официјално се денови на жалост.

Снимката предизвика многу реакции на социјалните мрежи, а повеќето граѓани се прашуваа: Кому му е дојдено сега до огномет?

Полицијата вечерва за „360 степени“ потврди дека било пријавено дека некој активирал огномет и дека ги бара сторителите.

„Вечерва во 21:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на кејот на реката Вардар во близина на хотел и стадионот ‘Тодор Проески’ имало огномет. Веднаш по добиената пријава полициски службеници се упатени на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и расчистување на случајот“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот