Фото: ТВ Телма / принтскрин

ВИДЕО: Даравелски на излегување од затвор, снимен е за првпат по дваесет години

Некогашниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски, кој беше осуден за злоупотреби пред дваесет години, а неодамна се врати во Македонија од Србија, каде беше во бегство, денеска беше пуштен од затворот „Идризово“ по 35 дена, а камерата на „Телма“ го забележа моментот и првата снимка на Даравелски пред македонската јавност по две децении.

Даравелски не застана и не одговори на прашањата на новинарот. Влезе во еден од двата автомобила со затемнети стакла кои го чекаа и замина во правец на Куманово.

Ексдиректорот на Царината, кој на оваа позиција беше во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Љубчо Георгиевски, требаше да одлежи седум години затвор според правосилна пресуда, но откако успеа да бега цели дваесет години, сега очекува ново судење на кое најверојатно ќе биде ослободен поради застареност на делото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот