Проф. д-р Никола Пановски/ Утрински брифинг/Фото: Слободен печат

ВИДЕО| Д-р Пановски: Несериозно е среде пандемија да се менува министер за здравство

„Уште не може дефинитивно да се каже за омикронот. Како и во сите работи се гледа дека се форсира вакцинацијата. Веднаш открија дека трета доза штити. За Велика Британија за првиот смртен случај, на 3.200 ако еден починал и десет се хоспитализирани не треба хистерија , изјави во Утрински брифинг проф. д-р Никола Пановски.

-Ако се потврди она што го кажуваат во Јужна Африка и ова што е сега во Велика Британија, прашање е дали воопшто ќе треба вакцина. Тоа е другата крајност, но јас сум сигурен дека тоа никогаш нема да го прекинат не знам од кои причини, бидејќи ако гледаме тоа се многу ситни пари во однос на загубите што се прават. Кога ќе се направи еден карантин во Мелбурн е пет пати поскап отколку да се вакцинираат сите Американци со две дози на Фајзер. Но некоја позадина има во целава работа, тоа се тие сертификати, дисциплинирање на народот, некоја проба се прави, смета микробиологот и професор Пановски.

Според него нападите на евтините лекови каков што е ивермектинот не се случајни.

-Како да се плашат од тоа сценарио дека ќе ја снема панддемијата. На народот му треба и оптимистички изјави, дециден е д-р Пановски.

Тој е против задолжителна вакцинација, зошто смета дека треба акцентот да се стави на вакцинација на луѓето над 50 години, ризичните групи.

-Не гледам логика зошто се форсира кај деца. Треба пет години да поминат да видиме да не дава некои одложени ефекти. Ако сакаме да почитуваме Закон или треба да се почитува, не смее да има импровизации. Вакцината е доброволна, доколку е доброволна треба да остане таква. За да се донесе задолжителна сите реперкусии да ги преземе тој што ја донел таа одлуката, смета д-р Пановски.

Говорејќи за смената на министерот Филипче Пановски вели дека било кој да дојде несериозно е во време на пандемија да менува баш министерот за здравство.

-Имате човек кој што е упатен во работата, а сега треба да дојде нов, не знаеме кој. Евентуално требаше нов министер да биде некој кој е дел од тимот на министерот Филипче, кој е добро упатен во справувањето со пандемијата, а не некој од надвор. Исто така во здравството има и други проблеми кои треба да се решаваат, не е само пандемијата, дециден е д-р Пановски.

Целиот разговор погледнете го видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот